Почитувани делегати, и членови на ИРУ, Браќа и сестри!

 

Ми преставува како Престедател на ИРУ огромна чест и задоволство да  Ве информирам и да ја споделам оваа за нас како ИРУ многу важна информација.

Всушност од самиот почеток на нашето заедничко делување од Конгресот на ИРУ во март 2016 година во Скопје, заложбите за регулирање на обврските и задачите со повеќе меѓународни институции и фондации како во Европа така и во светот полека но сигурно се остваруваат.

 

Една од нашите пропишани цели како дел од Планот и програмата на работење на ИРУ беше и регулирање на односите и функционирање на ИРУ во рамките на делување на ЕВЗ Фондацијата во Берлин. Р.Германија.

На неколку годишното недоразбирање на двете страни на ИРУ , од една страна ИРУ - Виена чиј претседател е Зоран Димов, и ИРУ -Латвија чиј претседател е Нортмунд Рудевич им е ставено крај. 

Во рамките на претхдоните активности за состанок и помирување, кое беше одржано на 23 јануари 2018 во Берлин - Германија во просториите на ЕВЗ Фондацијата, се одржа средба помеѓу двете страни. На таа средба покрај претседателите на двете ИРУ, Димов и Рудевич беа присутни и Иван Бариев од Русија, Груја БУмбу од Романија, Василиј Драгој од Молдавија, Роман Чонјански од Полска како и двајцата адвокати Др Франк Репенхаген од Германија и Бари Фишер од САД.

Со промената на новиот состав на Претседателство на ИРУ на чие чело веќе година и пол е Зоран Димов, и учеството на Асамблеата на ЕРТФ во Стразбур, го потврди нсвојот статус на најстара и респектабилна светска ромска организација, на последниот ден од состанокот беше донесена одлука за формирање на Ексузитивниот Комитет на ЕРТФ , кој ќе биде како еден од важните столбови во Советот на Европа во Стразбур за решавање на ромските прашања , антициганизмот и емиграцијата.

Со ова директно ЕРТФ и сите нејзини придружни организации и даде до значај дека ИРУ работи отворено, транспарентно и црвсто во решавање на сите горливи прашања со кои се поврзани Ромската популација.

Меѓу другото во овој Комитет покрај Претседателот на ЕРТФ Миранда Вуолсантра, и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, се и меѓу другите Ашмет Елезовски од НРЦ, Ларс Деметри пратеникот од редовите на ПЦЕР Самка Ибраимовски, Рутко Кавчински и други.

 

Како дел од активностите на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ, во врска со средбите и одржување на состанок на членовите, делегатите и Кабинетот на ИРУ во периодот кој доаѓа каде ќе се дискутира за витални планови и програми во периодот кој престои, Зоран  Димов како претседател на ИРУ ќе има работна посета со дел од ИРУ членовите од Србија.

Состанокто ќе се одржи во Белград, каде ќе се координираат сите потребни активности во врска со состаноците кои престојат.

Истовремено овие денови покрај Србија, Димов има закажано состаноци и средби со останатите членови на ИРУ како што се Унгарија и Словачка.

Тие средби ќе се одржат во периодот од 8 до 10 јуни годинава.

Денес се одржа ИРУ Видео конференција на која присуствуваа повеќето од делегатите од целиот свет.

Делегати присуствуваа од Америка, Шведска, Индија, Франција, Словачка, Чешка, Унгарија, Аустрија, Англија, Србија, Македонија, Финска, Босна и Херцеговина, Полска, Швајцарија и Романија.