За време на Парламентарната сесија на ИРУ која се одржа во Скопје на 28 и 29 Јуни, во делот на „Публик Хиринг„ пред присутните, членот на ИРУ Жељко Шајн кој е и магистар по правни науки, нотираше Иницијатива за формирање преку „Контакт поинт„ Омбдусман за ранливите групи пред се за Ромите. Тој во својата иницијатива меѓудругото наведува:

„ Доколку се насочиме на институционалните информации од разни меѓународни институции, како извршни така и законодавните  не ни најмалку завидна сликата: повреда на човековите права и дискриминацијата ја има во голема мера.

 

За да се постигне посакуваната цел: изедначување на степенот  на уживање на правата  на припадниците на Ромското малцинство сметаме дека неопходно е да се спроведат реформи  во институционален оквир и на вертикално и хоризонтално ниво на почитување на тие права помеѓу важнбите политички субјекти и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, кој е дел и од ОН, и ги преставува Ромите на сите нивоа и има соработка со ЕУ и други важни меѓународни институции.

 

Задачата која е пред нас е всушност како сега постоечкиот Омбдусман на локално, национално  и европско ниво да биде уште поефикасен.  Решението е воспоставување експерсткото тело „Контакт Поинт„ Омбдусман за ромски прашања„

 

Овој механизам ќе служи повеќе како советодавно тело на европскиот, националниот и локалниот омбдусман, ќе го убрза интегративниот процес ви општеството , а со тоа и овие проблеми , како пример на Балканот не би преставувале кочница во евроинтегративниот процес на земјите кои бараат членство во ЕУ.

Ако имаме во вид дека омбдусманот со својата работа ќе придонесе развој на почитувањето, слободата и правата на граѓанинот , потоа воспоставување на „Мисијата Контакт поинт„ е вистински одговор на мнгу нерешени прашања со кои денес се занимаваме.

 

Во консултација со врвни есперти од правосудскиот систем како што се Меленк Креч, судија по меѓународоно право, со академикот во МАНУ Владо камбовски, и други,сите тие се повикуваат на меѓународната конвеција за заштита на малцинствата  усвоена од страна на Советот на Европа , сметаат дека ова би било убав момент како за ромската заедница, така воопшто и за општеството.

 

Нормално дека ќе треба сериозна работа која ќе одговори на многу прашања  за воспоставување на овој механизам.„

На самиот крај Шајн го цитираше и Нехру кој во 1961 година во Белград, за време на Конференцијата на неврзаните земји и при посетата на ромската населба Маринкова бара, Тито му рекол дека таму живеат Роми на што Нехру му одговорил: „  

 „Сонцето има безброј имиња, но тој свети и грее подеднакво за сите„

 

Во присуство на 51 делегат од 23 држави , викендов во Скопје се одржа 5-тата Парламентарна сесија на ИРУ.

Покрај ИРУ преставниците, со свое присуство ги удостоија Владини преставници, преставници од политичките партии , повеќе Амбасади кои се во функција на своите држави во Р.Северна Македонија, како и меѓународни организации кои имаат свои миси во државата како што се ОБСЕ/ ОДИХИР, ИОМ, ЦЕо, Европска Развојна Агенција и др.

Во петок и сабота на 28 и 29 јуни Скопје ќе биде домаќин на над 70 ИРУ делегати од 50 држави и други видни гости.

Ќе се дискутира најповеќе за состојбата на Ромите во целиот свет и во тој домен ќе се одржат дебати и неколку научни Симпозиуми како што се:  Публик Хиринг - Тема: "Владеење на правото и Статусот на Ромската заедница" -, Трет Научен симпозиум за Холокаустот - Тема:  „Ромскиот Холокауст -Ужасот и вистината за Ромските гета„ - Прв Научен симпозиум - Тема: "Генеза, Јазик, Историја и религија„  како и Ромски Бизнис Форум.

Во тој склоп и самиот Претседател на ИРУ , Зоран Димов поради специфичниот момент напоменува:

„Мене како Претседател на ИРУ мојот сон и идеал  е толку едноставен! Би сакал јас како Ром заедно со мојот народ да живеам во општество каде интересите на поединецот , слободата, правдата и достоинството се многу поважни од територија или било кои национални и државни интереси. 

 

Тоа се основни принципи на секој човек (вклучувајќи го и Ромот). Би сакал тој минимум да го видам и во тие места каде опстојуваме и живееме без разлика за која држава станува збор..

 

Секогаш размислувам за тоа на кој начин да ги дознаам имињата на сите тие невини ромски жртви насекаде низ светот кои за да може еднаш засекогаш се скрши таа тишина за минатите несреќи со кои беа соочени Ромите во минатото.

 

Убеден сум дека еден ден и нашите синови и синовите на сите оние други кои имаат предрасуди кон Ромскиот народ  ќе седнат заедно на една иста братска маса и ќе се радуваат на исти работи, напоменува во своите размислувања првиот човек на ИРУ Димов.

 

Во рамките на Парламентарната сесија на ИРУ на 28 и 29 Јуни која ќе се одржи во Скопје, една од активностите е и потеклото на Ромите, нивната Генеза, Јазик, Историја и религија.

 

Тоа е насловено како Прв научен симпозиум каде свои најнови сознанија, дискусии, предлози и активности во своите говори директно пред присутните ќе се обратат. Свои презентации меѓу другите ке имаат и: Верандра Риши -Индија, Др. Трајко Петровски РСМ , Дип.етнолог Даниел Петровски, Андрис Тертатс - Латвија, Давид Берат , Имер Кајтази - Белгија, Роберт Алаѓозовски - Нац. коорд. за раз. на културата и меѓун. сораб.

 

Истивремено од иновативен аспект преку свои видео презентации свое излагање ќе имаат и истакнати стручњаци токму од тој сегмент меѓу другото и имња како што се: Др. проф. Јан Ханкок - САД, Др. Рајко Ѓуриќ - Р. Србија, Гратан Пуксон - В. Британијаи Надежда Деметер - Руска федерација

 

Овој дел ќе се одржи на 28 јуни - Петок во хотелот Континетал во Скопје

Во него се вели: Во својство на Претседател на Советот на министри, вие носите голем срам за Италија!

Иселувањето на 500 Роми, мажи, жени и деца во општината Џулијано во Кампанија, на 10 мај (вклучувајќи и 100 деца), е најновата нечовечка акција што ја презема државата и општините против Ромите и Синтите, за кои се знае дека се најранливата група на луѓе во Европа.