На 18 октомври во една локална кафе пицерија во чешкиот град Жатец беше брутално претепан и убиен 27 годишен Ром од градот Жатец. Според досегашните информации има многу пропусти во истражителните постапки поповод овој случај. Затоа ИРУ и претседателот Зоран Димов испратија писмо -реакција до Амбасадата на Чешката Република во Скопје.

На стартот од неделава во Братислава, Словачка се одржа Конференција посветена за активната улога на Младинскиот Ромски капацитет во рамки на делување во ЕУ и надвор од неа.

Меѓу големиот број партиципиенти на оваа конференција свое учество имаше и Интернационалната Ромска Унија - ИРУ со свои преставници. Исто така присутен беше и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, каде покрај учеството имаше и средби, разговори за понатамошна соработка како и размена на искуства.

Викендов во Стокхолм, Шведска Интернационалната Ромска Унија - ИРУ одржа состанок со назачените Шефови на 10-те ИРУ Комисии и воедно со шефовите кои ги водат трите програми (Демократска Транзиција, Крис и Женското ИРУ лоби).

За време на состанокот одржан во хотелот „ Скандик Викторија Товел„ во Стокхолм, сите Шефови на Комисиите ги презентираа своите Стратегии и Програми за периодот кој доаѓа. Со состанокот раководеа, Главниот Шеф на сите комисии и организаторот на овој состанок Розита Гронфорс и воедно исто и Претседателот на ИРУ Зоран Димов.

Вчера во рамките на Конференцијата  „Планот за инклузија на Ромите во Шведска 2017 - 2020”  која се одржа во Стокхолм, покрај другите преставници на Ромскит НВО Сектор од Шведска, присутни беа и членовите на ИРУ предводени од Претседателот на ИРУ Зоран Димов, Шефот на сите Комисии на ИРУ од Шведска Розита Гронфорс, Потпретседателот на ИРУ Стефан Кузицов, Шефот на Комисијата за образование, јазик и наука Ајтен Берлафа, Шефот на ИРУ Крисот Грегор Јулсон и генералниот секретар на ИРУ Рамуш Муарем, исто така меѓу присутните беше и Шведскиот Министер за Култура и Демократија Алиса Бах Кунке.

1ви Октомври 2016 во Стокхолм ке се одржи состанок на сите шефови на ИРУ комисиите. Воедно на истиот состанок ќе се презентираат Стратегиите на секоја Комисија посебно од страна на назначените шефови. Овој состанок е инициран од Шефот на Сите Комисии Розита Гронфорс од Шведска, и од Претседателот на ИРУ Зоран Димов. Во истата организација се приклучува и делегатот од Шведска и воедно член на женското лоби Ајтен Берлафа.