Во рамките на своите активности на 28 и 29 Ноенври во Палатата на нациите во Женева Швајцарија се одржува и Дванаесетта сесија - Форум за малцински прашања 

„Образование, јазик и човекови права на малцинствата“ .

Во тој склоп и ECOSOC статус во ОН , свое учество има и Интернационалната ромска Унија –ИРУ која ќе биде преставена од страна на нејзиниот претседател Зоран Димов.

Како дел од своите активности минатиот викенд Претседателот на ИРУ Зоран Димов заедно со Марсело Зуниси, Претседател на италијанската Асоцијација на Ромите и Синтите, се сретнаа со италијанскиот претседател Џузепе Конти каде му беа предадени документите за залагање на овие две ромски организации за подбрување на состојбата со Ромите во Италија.

Парламентот на ИРУ ја утврди временска табела за завршување на подготовките за одржување на првите електронски избори, што се одржуваат во врска со XI Светскиот конгрес на Ромите. Во согласност со тој распоред, програмата официјално започна на 15 септември.

Ова значи дека секој Ром кој сака да учествува на гласање ќе биде потребно да се регистририра со испраќање на свое име и презиме и местои на живеење на следната е маил адреса - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. . Пријавувањето за регистрирани гласачи е до 31. Јануари 2020 година

На 13 септември 2019 година, во 18,00 часот, во Палацо Чиџи, имаше средба меѓу премиерот Ѓузепе Конте, Зоран Димов, Жељко Шајн од Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, делегати на Националниот совет на Ромите Синти Каминанити (РСЦ) од цела Италија. Организацијата ја следи Дипломатскиот советник Бенаси Пиетро од Претседателството на Советот на министри.

Во рамките на одличната соработка помеѓу Интернационалната Ромска Унија - ИРУ и Француската Амбасада во Република Северна Македонија и Н.Е. Кристиан Тимониер на 19 јули годинава се одржа средба во просториите на Амбасадата , каде ги разменија своите мислења и ставови во врска со Ромите како во државата така и надвор од неа.

Ова е доказ дека француската амбасада е отворена за соработка и подготвена да ги подржи сите иницијативи и акции кои ги превзема Интернационалана Ромска Унија - ИРУ во последниве години.