Kongresia
18-20 Март 2016 година во Скопје, Р.Македонија. Во присуство на околу 100 делегати и членови на ИРУ од 40 држави, за Претседател на ИРУ е избран Зоран Димов. Покрај тоа избрано е ново раководство на ИРУ Парламентот чиј претседател е Стиво Балог од Австрија. Донесени се и неколку декларации меѓу кои една од најважните Декларација за Демкртаска Транзиција - електронско гласање и формирање на Комисија за Демократска Транзиција чиј Претседател е назначен Гратан Пуксон од Велика Британија, кој е воедно и Прв генерален секретар на ИРУ избран во Лондон 1971 година.
Јуни 2014 година во Сибиу, Романија по смртта на дотогашниот претседател на ИРУ Флорин Чоаба, во присуство на голем број делегати од над 30 држави, за претседател е избран Дорин Чоаба од Романија, додека Зоран Димов од Р.Македонија е изгласан за Прв Премиер на ИРУ.
Април 2013 во Сибиу, Романија од страна на 250 делегати од 34 држави, за нобв претседател е избран Флорин Чоаба од Романија.
Октомври 2008 Загреб - Р.Хрватска, во присуство на над 300 делегати од 28 држави се објави акциониот план за Ромската нација, за ромска институционална застапеност.