Интернационалната Ромска Унија - ИРУ во врска со последните актуелни случувања во Раднево и атакот и нападите врз Ромското население од страна на Бугарите, како и на претходните случувања и одвоени атаци врз Ромите од оваа држава, реагира и апелира сите акции да се смират, и да се размислува со трезни умови.

Претседателот на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ, Зоран Димов денеска испрати протестна нота - Реакција до Амабасадорот на Република Црна Гора во Р.Македонија, Н.Е. Предраг Митровиќ , поповод немилиот настан и инцидент кој се случи деновиве во Подгорица, кога за сега двајца непознати физички го нападнаа сеуште неидентификувано момче од Ромска националност.