ИРУ изрази сочувство поповод смртта на ромскиот активист Кујтим Пачаку
Поповод смртта на истакнатиот ромски активист, поранешен ромски пратеник во косовскиот Парламент, новинар и поет Кујтим Пачаку, Зоран Димов како претседател и во името на Интернационалната Ромска Унија ИРУ испрати телегарама и соопштение каде се изразува сочувство на најблиските на Пачаку.
„ Длабоко сме потресени и изразуваме најдлабоко сочувство до најблиските на Пачаку. Сакаме да ја изразиме нашата тага , дека не само најблиските туку со смртта на Пачаку изгуби многу и целиот Ромски народ, како од Балканот, така и пошироко.