Интернационалната Ромска Унија -ИРУ на својата последна Парламентарна сесија на 28 и 29 Јуни 2019 во Скопје, Р.С.Македонија, беше промовирана иницијативата предложена од Претседателот на ИРУ , г-дин Зоран Димов, насловена како „ Иницијатива за формирање независно тело - Контакт поинт - Ромски Омбдусман„.

Иницијативата беше презентирана од страна на Г-дин. Жељко Шајн - Магистар по Правни науки од Р.Србија. 

Тргнувајќи од клучните документи на Совет на Европа, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската конвенција за човекови права и фундаментални слободи, како и од анти-дисцкриминационото законодавство на Европската унија, кои предвидуваат механизми за заштита на човековите права, но истовремено, ромската заедница не ги користи, односно нема застапеност на истата во овие структури, во насока на зајакнување на довербата во истите меѓу преставниците на ромската заедница и истите, се предлага формирање на контакт-поинт: Ромски Омбудсман. 

Оваа институција, на почетокот воведена во рамките на Меѓународната Ромска Унија, а како застапник на ромската заедница меѓу ромите и постоечките механизми, се очекува, заедно со постоечките институции, да го дефинира својот мандат под покровителство на некоја од постоечките меѓународни и регионални организации, односно да се институционализира. 

Во оваа насока, се очекува поддршка од Европската унија, Совет на Европа, Обединетите нации, но и од Франција, која преку својот амбасадор во Р. Северна Македонија, напомена дека е заинтересирана да го помогне процесот. 

Иницијативата за формирање независно тело - Контакт поинт - Ромски Омбдусман, произлезе од актуелните случувања во полето за почитување на Фундаменталните  Човековите Права и слободи , со акцент на Ромската Нација.