Потребно е ИРУ секогаш со своето членство и заедно со сите останати Ромски и неромски организации, државни и интернационални институции, да направат напор да се елиминра во секој сегмент, негативниот контекст кон Ромите од сите аспекти. Овој ден е потребно сите да помогнат за да се одбележува на највисоко ниво и воедно да се испраќаат пораки до сите релевантни институции, дека со премолчување на факти е една кво на одобрување на тие негативни трендови.

Потребна е огромна мобилизација и отворена поддршка од  сите страни. 2-ри Август 1944 се случи, но не смее никогаш повеќе да се повтори.

А затоа е потребно државните иевропските, па и светските институции да бидат ширум отворени за решавање на проблемите со кои се соочуваат Ромите. Покрај декларативна согласност, потребно е и активна соработка и помагање на сите полиња.

Затоа и ги охрабруваме сите членови и делегати на ИРУ, сите ромски активисти од сите организации за бораба за човековите права и сите останати, потребнао е констатнтно повторување на барање на своите права и без премолчување на фактите.

Само на тој начин 2-ри Август ќе остане во сеќавање, нема да се заборави, и да придонесеме сите заедно, никогаш повеќе и да не се повтори. -се вели во соопштението на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ поповод одбечежувањето на 2 -ти Август - денот на Ромскиот Холокауст.