Покрај тоа исто така беше поднесен и Извештај за работата во 2017 година.

Покрај тоа и Извршниот директор на Бордот на Доверители во Фондацијата на ЕВЗ  Др. Харалд Браун му посака добредојде и успешна заедничка соработка во наредниот период за време на неговиот мандат.

Димов, Браун , заменикот директорКилгер и сите останати членови на Бордот имаа плодна дискусија за време на состанокот, и донесени се повеќе заклучоци за распределба на средства кои ќе се финансираат во наредниот период.

Една од нив е и финансикста конструкција во висина од 550.000 евра за зајакнување на Ромите преку проекти. Исто така за 2019 одвоени се и 300.000 евра за борба против антисемитизам и антициганизмот.

Сите учесници веруваат дека средствата кои ќе бидат прерасподелени ќе бидат искористени на вистински начин и дека че има и ефњект од проектите кои ќе бидат реализирани токму кон овие точки.

Мора да се напомене дека Извршниот директор на Бордот на Доверители Др Харалд Браун и неговиот тим беа многу задоволни од активните дадени предлози и учество на овој состанок од преставникот на Ромите и Синтите во Бордит воедно и претседателот на ИРУ, Зоран Димов