Како што беше најавено во Пула Хрватска од 25-27 мај се одржа 4-та Парламенатрна сесија на ИРУ, во присуство на над 37 делегати од 22 држави и воедно како гости свое учество земаа и  високи функционери од хрватските државни институции како и од ромскиот НВО сектор во Хрватска.

Настанот се одржа во хотелот „Бриони„. За време на настанот покрај другите дискусии, како што се превземанње на акции за подобрување на ситуацијата со Ромската нација насекаде во светот, како и позитивните примери кои ги имплементираат некој држави кога се во прашање ромските проблеми, покрај добрите примери од Данска, Норвешка, Австралија, Шведска или Финска, беа презентирани и недоследностите и проблемите со Ромите од другите држави со потенцирање на Ромите од Западен Балкан.

Интернационалната Ромска Унија -ИРУ во својот Статут предбидува и еднаквост меѓу религиите. Во тој контекст на последната парламентарна средба на ИРУ во Пула, Хрватска, сите присутни делегати на ИРУ донесоа една значајна одлука.

Таа се состоји во формирање на ИРУ Комисија за религија и односи.

Во тој контекст сите делегати на ИРУ беа сложни дека таа Комисија ќе има задача да ги сплоти сите луѓе без разлика на нивната религијска  припадност.

Токму затоа беше назначен и нејзин шеф, како и заменик шеф на Комисијата за религија и односи. Као шеф донесена е одлука да се назначи Ларс Деметер од Шведска кој воедно е и член во ЕГАМ - организација на католички и христијански пастори. 

Според планот и динамиката на активностите на ИРУ, првата Парламентарна сесија за 2018 ќе се одржи од 25 до 27 мај во Пула, Р.Хрватска. 

За време на Парламентарната сесија покрај учеството на делегатите на ИРУ од над 30 држави , кои според најавите покрај дискусиите во врска со состојбата на Ромите во своите држави, ќе има и дискусии од внатрешен интерес на ИРУ во повеќе сегменти.

Исто така важно е да се напомене дека на дневниот ред на оваа Парламентарна сесија на ИРУ свое учество какои гости и учесници ќе земат и повеќе владини и институционални преставници од Р.Хрватска, како што е потпреседателот на Владата на Хрватска г-дин Фурио Радин, Ален Тахири - Канцеларија за човекови права и правата на националните малцинства во Владата на Р.Хрватска, Преставникот од Истарската Жупанија Валтер Флего, Градоначалникот на градот Пула Борис Милетиќ и др.

Поповод смртта на истакнатиот ромски активист, поранешен ромски пратеник во косовскиот Парламент, новинар и поет Кујтим Пачаку, Зоран Димов како претседател и во името на Интернационалната Ромска Унија ИРУ  испрати телегарама и соопштение каде се изразува сочувство на најблиските на Пачаку.

„ Длабоко сме потресени и изразуваме најдлабоко сочувство до најблиските на Пачаку. Сакаме да ја изразиме нашата тага , дека не само најблиските туку со смртта на Пачаку изгуби многу и целиот Ромски народ, како од Балканот, така и пошироко.

Нелегалната ИРУ 71, нејзиниот преставик Дорин Чоаба и членовите се повторно на удар во јавноста и на тапет од страна на Традиционалниот Ромски ИРУ Крис.

Ова е се поради тоа што на 20-21 април годинава во своето родно место Сибиу во Романија.

Познавајќи го како човек кој на секој начин сака да е „во центарот на вниманието, и неговите апетити да се преставува меѓу напатениот ромски народ од Романија како „нивни крал - лидер„ му текна минатиот петок и сабота на 20 и 21 април да направи настан со неговата невалидна и никаде непризната ИРУ1971 именувајќи го тој настан како 11-ти Конгрес.