Исто така се интересираше за статусот на Ромите кои живеат со векови во Иран. 

Амбасадорот Мохаммади го информира дека Ромите се интегрирани во иранското општество и се дел од мултинационалниот колорит на оваа држава.

Инаку Ромите во Иран се познати под името „Лури„, кои со векови при преселбата од Индија преку Персискиот залив (денешен Иран), дел од нив останале на тоа место, додека другите го продолжиле својот пат до нивните денешни дестинации.

Амбасадорот на Иран напомена дека во секој дел од активностите на ИРУ ќе ги поддржи и ќе се залага за афирмација и поголема промоција на ИРУ насекаде во светот, вклучувајќи ја и сопствената држава, каде напомена дека е потребно и ќе помогне во ИРУ да има исто така што поголем број на делегати Роми-Лури во ИРУ.

Инаку за потсетување Ромите (Лури) во Иран се преку 1500 години.