За редовниот 12-ти Конгрес на ИРУ, се е подготвено. Вчера и денес преку меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа делегатите и гостите на ИРУ кои ќе бидат дел од овој Конгрес. Се очекува бројот на присутни членови на ИРУ и гости да бидат околу 100 од над 55 држави од целиот свет. Главните активности поврзани со Конгресот ќе бидат на 4 и 5 Април со организирање на повеќе Панел дискусии и учество на голем број панелисти. Исто така на Конгресот последниот ден ќе биде и изборот на новото  раководство на ИРУ како што е Претседател и други функции во ИРУ.

Значаен број на високи  европски и други функционери ќе бидат дел од Конгресот на ИРУ, додека дел ќе бидат вклучени преку ЗООМ или со веќе испратени свои видео пораки до сите присутни гости. Дел од гостите ќе бидат и наши национални функционери, како и дел од дипломатскиот кор во нашата држава.

Во рамките на 12 Конгрес на ИРУ ќе биде организирана и културна програма и воедно на 4 април во МКЦ ќе биде и свеченото затворање на 22-от Филмски фестивал „Златно Тркало 2024„ и прогласување на најдобрите филмови.

Povodom dana 11.03.2023 izjave gradonačelnika Beograda Aleksandra Šapića o integraciji Roma, svoju reakciju i Protesnu notu šalje I  Internacionlna Romska Unija - IRU u ime svih njenih 70 članova I delegata iz 50 zemalja iz celog sveta.

Интернационалната Ромска Унија – ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов, и сите ИРУ делегати кои се над 60 од 50 држави испратија апел до ОН, Европската унија, меѓународните организации, здруженијата на ромската дијаспора и сите меѓународни актери итно да им помогнат на Ромите, како и на другите ранливи граѓани на Турција во областа на сеизмичките движења (земјотрес ),.

Пред повеќе од 17 години на 1 ноември 2005 година, генералното собрание на ОН со резолуцијата 60/7 го прогласува 27 јануари за меѓународен ден за сеќавање на холокаустот. 

На овој ден се сеќаваме на околу 6 милиони убиени евреи, над пола милион и повеќе убиени Роми, и уште 11 милиони останати луѓе, кои што беа жртви на нацистите и нивните соработници.Се сеќаваме и на нашата одговорност како луѓе и општество, ужасите од тој период да не се заборават!

Екслузивно Новогодишно интервју со Зоран Димов, Претседател на ИРУ и  Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромите во РС Македонија

„Време е да престане модерниот геноцид врз Ромите „

 

Во своето резиме за досегашната состојба на Ромите како во Северна Македонија,  така и од Западен Балкан, Европа и светот претседателот на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ Зоран Димов и  Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија на Ромите во РС Македонија

во своите искажувања за изминатиот период на крајот од оваа 2022 година , ја потенцира потребата од транспарентна отчетност во врска со доделените и употребени средства и посериозен пристап на решавање на проблемите на Синтите и Ромската заедница која е најголема малцинска заедница во Европа и светот.

Суштината на  проблемот исто така ја гледа и во својата заедница,  - но исто така и во надворешните фактори. Политиките кои  се водат кон Ромите според Димов воопшто не гледа некоја оптимистичка иднина за Ромите.